Конор конечно се враќа, одреден датумот кога ќе се бори

После бурата со Хабиб и неговите Дагестанци, лудиот Ирец сега има друг противник, кој го планира како отскочна даска за Хорхе Масвидал кој бара „да не го пуштаат тоа момче со него затворен во ринг, дека ќе го повреди“.

Лудиот Ирец после долга пауза, одново ќе натне ракавици и ќе влезе во октагонот. Претседателот на УФЦ, Дена Вајт објави дека е закажана борба меѓу Конор и Доналд Сероне.

Враќањето на МекГрегор во рингот е планирано за 18 јануари во рамки на УФЦ 246. Најинтересно е што ќе се бори во велтер категорија до 77 килограми.

ШТО ПРАВЕШЕ КОНОР ПО ПОРАЗОТ ОД ХАБИБ?

- Постојано се навраќаше на борбата со Русинот и зборуваше за реванш;
- Го промовираше своето виски;
- Направил ДНК-тест за татковство и докажал дека детето на некоја непозната девојка не е негово;
- Ударил човек во паб и одговарал за тоа на суд;
- Имаше жестока прес-конференција во Москва после која му се собраа Дагестанци пред хотелот.

Конор требаше да се врати во Октагон летото годинава, но ја скрши раката и одложи враќање. Паралелно со УФЦ му се наврте на Хорхе Масвидал кој го победи Бен Аскрен.

Масвидал настапува во категорија до 77 килограми - далеку поголема од онаа на МекГрегор.

Во одговор на тоа Конор потпиша договор со Сероне во полутешка категорија, која сепак не е нова дивизија за Ирецот кој два пати до сега во УФЦ се бореше во оваа категорија: еднаш изгуби, еднаш победи.

После поразот од Хабиб Нурмагомедов се повлече на неопределено време, а оваа борба ќе му дојде како загревање за планираната (уште ништо не е договорено) борба против Масвидал кој е далеку поатрактивен и за публиката и за самите организатори.

Борбата Конор - Сероне е закажана за во Т-Мобајл Арената во Лас Вегас и ова ќе биде прв фајт за Конор по поразот од Хабиб во октомври 2018. Ирецот преку Сероне, кој исто има голем број приврзаници, сака да покаже и дека „не е толку мал“ да се бори со Масвидал.

„Не сакам да звучам грубо, ама откако ја го победив Нејт, тој дечко (Конор) уште не кажа пип. Па и ако не сака да се бори со мене, немам ништо против“.

Дена Вајт, првиот човек на УФЦ на почетокот на годинава рече дека МекГрегор не е доволно голем да се бори со Масвидал, но изгледа дека во меѓувреме го сменил мислењето затоа што Масвидал во моментов е најпопуларен борец на мејнстрим нивото на Ронда Роузи, така што многу голем интерес би била негова борба со Конор.

„Дана има многу идеи на ум, не знам што го натера сега да се премисли. Ама вистина е дека тоа момче (МекГрегор) ќе биде повредено ако го затворат со мене во рингот. Јас сум поинаков тип, не сум човек што ќе дозволи да си поигруваат со него“, Масвидал го предизвика Ирецот.

СЕРОНЕ СЕ БОРЕШЕ 5 ПАТИ, НО ИЗГУБИ ОД ФЕРГУСОН И ГЕЈДЏИ

Најважно што треба да се знае за Доналд Сероне е дека тој се тепа секаде и со секого. Еден месец откако МекГрегор изгуби од Хабиб, Сероне се бореше со Мајк Пери а во јануари се врати во лесна категорија и го нокаутираше Александер Ернандез.

Веќе во мај годинава Доналд Сероне се бореше со Ела Јаквинта а набрзо и со Тони Фергусон. Во септември „Каубоецот“ се сретна со Џастн Гетжи кој го нокаутираше Сероне на крајот од првата рунда и поради тоа Гетјџи сега претендира на појасот во оваа категорија.

После овие два порази, Сероне решил да се врати во полутешка категорија а таму по габарит идеален противник му е Конор.

МЕКГРЕГОР И СЕРОНЕ ИМААТ НЕРАСЧИСТЕНИ ОДНОСИ

Во 2015 година, кога МекГрегор беше УФЦ шампион во полулесна категорија, тој се закачна со Доналд на прес-конференција.

Од тогаш па наваму си фрлаат по некоја „отровна“ стрела: Конор вети дека ќе му „подари“ на Аемриканецот ќотек за неговиот врвен перформанс, а Доналд секогаш расположен за фајт изјави дека едвај чека таков противник.

Двајцата се одлични во комбиниран стил иако Конор е физички помоќен, иако не е баш најјасно како може да изгледа неговиот експеримент со премин во полусредна категорија.

МекГрегор во моментов е фаворит, но останува да се види како ќе одговори Сероне.

Борбата е закажана за 18 јануари во Лас Вегас.

Конор МекГрегор има 31 година, висок е 175 сантиметри а учинокот во профи ММА борбите му е 21-4, додека во УФЦ има 9-2. Изгуби од Нејт Дијаз и Хабиб Нурмагомедов што доста му го разниша статусот и угледот во УФЦ светот.

Ирецот веќе 4 години нема победа во оваа промоција, повеќе се посвети на маркетинг.