Франсис Нгану е најпопуларниот и најснажен борец во UFC. Неговиот нокаут во борбата против Алистер Оверим го прогласија за најдобар во 2017-та.
Франсис има долгогодишен спонзорски договор со производителот на спортска опрема Bodyarmor, има одлична кариера во UFC (победи шест меча и стигна да се бори дури и за појасот во најтешка категорија). Во мечот за титулата против Хрватот Стипе Миочиќ заработил дури 530.000 долари. Животот му оди просто идеално. Но не било секогаш така.
Нгану се родил во сиромашното село Батие на западот од Камерун каде има околу 10.000 мештани. Франсис поради беда и сиромаштија бил приморан да копа уште од 12 години. Работел на песочен каменолом.
„Вие не може ни да замислите како е пола живот да се будиш со единствена желба да се прехраниш“, вели Франсис.
Во младоста тој не можел да издржи таков живот и решил да ризикува: со последните пари отишол во Париз за да си ја исполни желбата да стане боксер како Мајк Тајсон.
„Искрено отидов за да почнам нов живот. Дома немав никаква иднина. Таму само преживував, ништо повеќе“, раскажува Нгану.
Во Франција на почеток го приметил тренерот Фернан Лопез во салата MMA Factory. Дури и самиот Лопез еднаш раскажал дека на прв впечаток бил зачуден од природната физичка моќ на Нгану и неговиот моќен удар.
„Кога дојде во салата не знаеше ама баш ништо за ММА. Но стануваше подобар секој нареден ден. Направи се што можеше за еден ден да стане шампион. Интересно е што се вљуби во ММА и тоа засекогаш“, вели Лопез.
После 10 години Нгану станал суперѕвезда во ММА. Неодамна тој дошол во родното село Батие за да ги види роднините и да им помогне на другарите кои работат во каменоломот. Тој ја земал лопатата и заедно со пријателите ја наполнил приколицата со песок. „Моите корени! Ова место засекогаш ќе ме потсеќа од каде сум и низ што морав да поминам“, напишал борецот на Инстаграм.
Благодарение на огромните хонорари кои го добиве за борбите во UFC и од спонзорите, Франсис им праќа пари на роднините а им помага и на екипите талентирани камерунски бори.
„Во Камерун има многу способни деца. Тие мечтаат да станат добри спортисти но немаат можности. Затоа јас сакам да им подарам можности“, додава ’Предаторот’.
Нгану вели дека нема да остане на финансиска помош и дека сака во Батие да изгради спортска сала.
„Гледајте од каде тргнав и што добив. Во мене никој не веруваш но сега сите ја чекаат мојата помош. Мојата историја ги инспирира луѓето. Го направив тоа за цел Камерун и за цела Африка. Просто сакав да покажам дека се е можно. Луѓето мора да веруваат во својот сон“.
Денес Нгану го очекува новиот противник и сака одново да се бори за титулата. „Животот силно ме удри и сека ми треба титула за конечно да ја завршам приказната од моето тешко детство“, заклучува Франсис Нгану, човекот со најсилен удар на светот.
Приказната за Стипе Миочиќ, светскиот шампион, тука.