И покрај тоа што 34-годишната Холм беше сериозен предизвик за Роузи во одбрана на УФЦ титулата, букмејкрите ја сметаа за аутсајдер и за нејзина победа даваа коефицент 12. Сепак односот на силите доби на пресврт со почетокот на борбата, кога Холм неколку пати се закани и на крајот ја нокаутираше Роузи за помалку од шест минути, после 59 секунди во втората рунда.
Тоа беше прв пораз во професионалната кариера на довчерашната шампионка Ронда Роузи. Американката не беше при свест во еден момент, по што медицинскиот тим ја префрлил во најблиската болница. На тој начин Роузи ја прекина неверојатната серија од 12 победи по ред, од кои 11 уште во првата рунда.
Ронда Роузи е добро позната на светската јавност како поранешен освојувач на бронзен медал на Олимписките игри. Од друга страна, Холи Холм ги доби сите свои борби во боксерската ММА категорија. До оваа победа таа не делувала воопшто спремна за ова ниво на УФЦ борби.
„Морам да кажам дека успеа се што работевме за нејзината тактика. Го избегнав секој удар што таа се обиде да ми го зададе. Првпат во животот не поминав долго време на вежбање пред некој натпревар како пред овој“, истакна новата УФЦ шампионка Холм после историската борба.
Целиот настан го следеле околу 50.000 луѓе што е рекордна посета за една борба во УФЦ.