По нередите кои навивачите на Легија Варшава ги направија пред и по мечот со Реал Мадрид од Лигата на шампионите, полските и шпанските медиуми започнаа цела кампања на застрашување на читателите со лидерот на хулиганите од Варшава, Томаш Червински.
„Червус“ како што го викале другарите бил познат само во најтесните хулигански кругови. Тој бил член на подгрупата Teddy Boys 95, а по настаните во Мадрид стана познато лице по медиумите и веќе е под постојан надзор на лекари, новинари и јавноста.
„Добро се истренирани, органзирани, зависни се од агресија, гнев и бес - просто како чудовишта се“, така шпанските новинари ги опишаа навивачите на Легија Варшава.
Томаш е висок околу два метри и во споредба со Шпанците (посебно нивната полиција) изгледаше навистина ненормално. Тој е и професионален борец во ултимејт фајт.
Шпанската полиција во принцип не е мирољубива и жестоко знае да возврати на гостински навивачи кои во алкохолизирана состојба го реметат јавниот ред и мир. Добро се памети како поминаа навивачите на ЦСКА Москва и тифозите на Лацио во Мадрид.
Кога го задржале во станица, водачот на навивачите на Легија Варшава, Томаш Червински рекол: „Поминав 17 години во полски затвор, така што пар денови во вашата самица нема да ме исплаши“.
Во секој случај, Шпанците го обвиниле за 12 епизоди со полицијата, добил условна казна и го екстрадирале во татковината.
Томаш во минатото, во ’90-те години бил во составот на најголемата организирана криминална група во Прушков (град до Варшава). По издржувањето на затворската казна, главно хоби на Томаш Червински му станала Легија, но медиумите сега веќе го следат секој негов чекор а навивачите сметаат дека тоа го прават за да го зголемат тиражот и рејтингот.
Опсадата на Мадрид од навивачи на Легија:
Кореографијата и инцидентите на мечот Легија - Борусија Дортмунд: