Таг: полски хулигани

Полски навивачи се млатеа меѓу себе на трибина

Можеби прво ќе ви избега погледот кај тие двајцата во црно кои имаат обид за тепачка на ограда. Баталете ги, не успеаа ни еднаш да се погодат. Дилемата ни е следна: Што е со тој глупиот со црното капче, што јаде боксови во тил и упорно не се врти да врати?

Милиметри од трагедија со испалена ракета кон голман во Полска

Во почетната фаза од полскиот Куп, Лехиа Гданск гостуваше кај анонимниот Гриф Вејхерово и победи со 2:3, ама она по што ќе се памети овој меч е страшно ризичниот момент кога од трибините некој идиот испали ракета кон голманот на гостите Златан Аломеровиќ. Милиметри го спасија.

Видео од тепачката меѓу Полјаците во Скопје

Во 2016 година навивачките групи на Видзев Лоѓ и Висла Краков го прекршиле договорот за примирје додека игра репрезентацијата на Полска, поради што сите останати групи се негативно настроени кон нив. Во Скопје, според неофицијални информации во Градски парк имало договорена тепачка меѓу 50-ина членови на Видзев и 100-ина членови на останати групи.

Полјаците ја ишараа охридската променада

Околу 2.150 карти фудбалската федерација на Македонија обезбеди за гостинските навивачи за мечот со Полска од квалификациите за Европско 2020. Меѓу Полјаците има и хулигански групи од кои некои слетаа и на аеродромот во Охрид. Уште не приземјени, вандализираа.

Бесмисленоста на фудбалскиот хулиганизам

Секакви кодекси, договори, придржувања и сојузи паѓаат во вода кога ќе се сфати колку голема глупост е хулиганизмот. 26 годишен навивач на Гурник Забже, лидерот во полскиот шампионат бил брутално на смрт претепан од група дегенерици кои се нарекуваат навивачи на Рух Хорзов.

Најнасилниот хулиган во Европа е од Варшава

Полските хулигани важат за едни од најопасните на континентот. Кога некоја екипа од оваа земја гостува во друга, полицијата знае дека ќе нема раат неколку дена. Билдаат, имаат сопствени кик-бокс клубови во кои се претвораат во прави животни и се страв и трепет за противниците.