Полјаците ја ишараа охридската променада

Околу 2.150 карти фудбалската федерација на Македонија обезбеди за гостинските навивачи за мечот со Полска од квалификациите за Европско 2020. Меѓу Полјаците има и хулигански групи од кои некои слетаа и на аеродромот во Охрид. Уште не приземјени, вандализираа.

Мостот на желбите кој води кон Канео е ишаран со натпис „Chrobry“ - името на првиот полски кнез и прв полски крал Болеслав I Храбри, по кој се именувани многу институции, клубови, здруженија во Полска.

Новинар од оваа земја, на Твитер напиша: „Еве ги гласниците кои ги имаме во Македонија. Вака денес изгледа преубавата променада на Охридското езеро.“

Бонус 

7 јуни 2019 - 14:21