Еуфоричен пречек на Хабиб Нурмагомедов во Дагестан

По 17-часовниот пат од САД до дома, Хабиб го пречекале еуфорично како да е избран нов претседател на кого му се поклонува целата земја. Човек што не знае што се случува кога би гледал од страна би мислел дека дошол некој чудотворец а не тепач од UFC.

Го пречекаа во Махачкала, на стадионот на фудбалскиот клуб Анжи каде дошле десетина илјади Дагестанци.

Хабиб на пречекот се појавил со златниот појас освоен во неговата категорија којшто шефот на UFC Дана Вајт одбил да му го даде по тепачката што Хабиб ја предизвика по мечот со Конор.

Татко му Абдулманап и локалните власти им рекле на неговите навивачи да не доаѓаат на аеродромот за да не се прават гужви во сообраќајот. Сите сакале да го поздрават шампионот а на „Анжи Арена“ имало помеѓу 9 и 15.000 гледачи. 

Со него на бината бил и министерот за спорт на Дагестан, Магомед Магомедов и татко му Абдулманап кој ветил дека ќе го казни син му за однесувањето после борбата во Лас Вегас.

„Никаква причина не може да има во моментот за Хабиб да го прескокне октагонот. Дисциплината мора да биде на прво место. Мислам дека требаше да го удрам уште на аеродромот: ’Што те учевме ние тебе’?“, се пошегувал, а можеби и не Нурмагомедов-постариот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Поддержка на уровне🦅

A post shared by @ eagles_dagestana on

Во обраќањето до своите фанови Хабиб рекол: 

„Се молев на Господ да ме остави само во рингот со оној кловн од Ирска. Тоа го барав буквално секој ден од Бога. Се молев да не се повредиме, мерењето да пројде без проблеми и на крај да не пуштат во кафезот. Пред мечот се изнакажаа многу работи поради што не можев да сносам одговорност за сопствените постапки во октагонот. Сакав да му ја покажам разликата меѓу неговите и моите сфаќања за нацијата на која и припаѓаме“, рекол Хабиб додека масата била во транс.

Тој на стадионот се задржал 40 минути. 

 

Татко и син