Таг: хабиб нурмагомедов

И на Дагестанците на Хабиб им е смачено од Хабиб

Луѓето што во ринг излгедаат како кошмарни ѕверови се уште цвикаат од Хабиб и тренинзите што ги тера да ги прават, со молба до повисоките инстанци: дај бе купете му повратна карта за Русија.

Лесно е да се бориш во УФЦ, оди разбери се со деца по дома

Откако прегази секој што му застана од карши во октагонот, сега борбата на Нурмагомедов е „како да им објасниш на децата дека не може да им дадеш пари кога гледаат дека имаш пари.“

Хабиб раскажа анегдота за муабетот со сер Алекс Фергусон

ММА ѕвездата и светски шампион Хабиб Нурмагомедов е познат како голем навивач на Манчестер Јунајтед. Минатиот викенд тој бил гостин на „Олд Трафорд“ на мечот со Евертон, а бил во друштво со Алекс Фергусон, Патрис Евра и Усеин Болт. Ферги им понудил вино на сите па така и на Хабиб.

Хабиб да ти бил фудбалска енциклопедија, сè памти

Во последните неколку недели се актуелизираше евентуално враќање на Хабиб Нурмагомедов во рингот. Он не открива ништо, тренира и објавува интересни видеа. На едно последните покажува супер меморија за сите освојувачи на Лига на шампиони низ годините како и сите добитници на Златна топка од 1998-ма па наваму.

Хабиб го нападна Макрон, објавата ја лајкнаа Бекам, Бензема, Кимпембе и други

Неколку француски фудбалери би можеле да изгубат место во репрезентацијата поради лајкови на инстаграм. Пред сите стоперот и дете на ПСЖ Преснел Кимпембе и Јусеф Атал од Ница.

Кога татко му на Хабиб го канеше Конор Мекгрегор во Дагестан

Големиот Хабиб Нурмагомедов во голем стил ја заврши кариерата, откако синоќа го совлада големиот ривал Џастин Геџби во Абу Даби. Хабиб веднаш откако го прогласија за победник, клекна на колена и се расплака за татко му Абдулманап Нурмагомедов кој неодамна почина на една клиника во Москва.

Големиот Хабиб ја одбрани титулата, се расплака за татко му и заврши кариера

Во најочекуваната борба во УФЦ годинава, Хабиб Нурмагомедов го совлада Американецот Џастин Гејџи и среде ринг објави дека ја завршува кариерата на барање на мајка му.

Мекгрегор - Хабиб, пак станува напнато

Точно е дека Хабиб го здроби Мекгрегор во ринг, точно е и тоа дека Мекгрегор реши да се пензионира од ММА (по втор пат), ама држи и тоа дека исти вакви излети имаше и во времето кога јавноста требаше да се напали на дуелот меѓу Мејведер и Мекгрегор, што значи дека сепак за година, година и пол може да гледаме реванш.

Графит во Истанбул посветен на борбата меѓу Хабиб и Конор

Турчинот Мохамед Емин Туркмен (33), се занимава со цртање графити повеќе од 20 години. Тоа му е и професија затоа што заработува цртајќи за локалните брендови.

Фото на денот

Хабиб Нурмагомедов стана до толку популарен, што нема кој не сака да се види и да се дружи со него. На врата му дојде и неговото најверно другарче кое го побара да си играат.

Еуфоричен пречек на Хабиб Нурмагомедов во Дагестан

По 17-часовниот пат од САД до дома, Хабиб го пречекале еуфорично како да е избран нов претседател на кого му се поклонува целата земја. Човек што не знае што се случува кога би гледал од страна би мислел дека дошол некој чудотворец а не тепач од UFC.

Еден нормален и еден поинаков начин на прослава за Нурмагомедов

Хабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор ги оправдаа, а можеби и ги надминаа очекувањата на гледачите кои се по вакви борби. Такво нешто веројатно може да се каже и за славјето во неговата земја.

Хабиб го прекрши Конор МекГрегор, па се степа и со публиката

За разлика од многу борби во минатото за кои се зборуваше со месеци па на крајот гледавме приспиванка, овојпат Нурмагомедов и МекГрегор ги оправдаа очекувањата на гледачите и пружија одлична борба која продолжи и доле на трибините.

Како најдобриот борец од Дагестан тренирал со мечка

Кабиб Нурмагомедов има 29 години. Роден е во селцето Силди во Дагестан. Веќе извесно време важи за еден од најдобрите борци во UFC. За себеси вели дека е припадник на Аварците, изворен народ од Кавказ, а се бори под руско знаме. На 9 години тренирал со мече.

Опасните тепачки во ММА зад сцената

ММА борците не се борат само за пари. Се борат и затоа што едноставно сакаат да се тепаат. Секаде. Имаат прилично мал фитил и еден невнимателен збор, мислење и во воздух летаат тупаници. Понекогаш и столици, па и чаши со пиво.