Хабиб го нападна Макрон, објавата ја лајкнаа Бекам, Бензема, Кимпембе и други

Неколку француски фудбалери би можеле да изгубат место во репрезентацијата поради лајкови на инстаграм. Пред сите стоперот и дете на ПСЖ Преснел Кимпембе и Јусеф Атал од Ница.

Изјавата на Макрон дека по секоја цена ќе го бранат правото за слобода на говор (а поради карикатурите со пророкот Мухамед и турскиот претседател Ердоган во магазинот Шарли Ебдо) ги разгневи муслиманите во Франција, но и пошироко.

Имаше серија убиства и инциденти а на социјалните мрежи муслиманите го напаѓаа Макрон. Најдалеку отиде Хабиб Нурмагомедов кој на Инстаграм објави фотографија од претседателот на Франција со трага од газење врз ликот и натпис „ова суштество“:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Да обезобразит Всевышний лицо этой твари и всех его последователей, которые под лозунгом свободы слова оскорбляют чувства более полутора миллиарда верующих мусульман. Да унизит их Всевышний в этой жизни, и в следующей. Аллах скор в расчёте и вы это увидите. Мы - мусульмане, любим нашего Пророка Мухаммада (да благословит его Аллах и приветствует) больше, чем наших матерей, отцов, детей, жён и всех остальных близких нашему сердцу людей. Поверьте мне, эти провокации им выйдут боком, конец всегда за Богобоязненными. - ‎قبح الله وجه هذا الأبتر وجميع تبعهم الذين يؤذون الشعور أكثر من نصف مليار مسلم تحت قناع الحرية ‎أذلهم الله في الدنيا والآخرة إن الله سريع الحساب ‎نحن مسلمون نحب رسولنا ونبينا محمد صلى الله عليه وسلم أكثر من أمهاتنا وآبائنا وأبنائنا وأزواجنا ومن جميع خلق الله سبحانه وتعالى ‎صدّقوني هذه الاستفزازات سوف تخرج من أعناقهم والعاقبة للمتقين - Holy Quran 33:57 ------------------ إِنَّ الَّذِينَ يُؤْذُونَ اللَّهَ وَرَسُولَهُ لَعَنَهُمُ اللَّهُ فِي الدُّنْيَا وَالْآخِرَةِ وَأَعَدَّ لَهُمْ عَذَابًا مُّهِينًا Воистину, тех, которые поносят Аллаха и Его Посланника, Аллах проклял в этом мире и в Последней жизни и уготовил им унизительные мучения.

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

Потоа УФЦ шампионот објави уште една послание во кое подробно ја објаснува својата позиција:

„Денес под изговор за борба за слобода на говор непријателите на исламот и муслиманите од разни нивоа, се обидуваат да ги повредат чувствата на стотици милиони верници во целиот свет, цртаат карикатури со најдобриот меѓу луѓето...“, напишал Хабиб.

Првата објава, онаа со фотографијата на згазениот лик на Макрон и текст на руски и арапски собрала повеќе од 3 милиони лајкови. Втората објава собрала уште 3,5 милиони лајкови.

Во Франција обрнале внимание дека меѓу оние кои ги лајкнале, односно одобриле ваквите ставови на Хабиб се нашле и сегашни и поранешни репрезентативци на Франција, како и играчи на француски клубови.

Постот на Хабиб го лајкнале Дејвид Бекам, Карим Бензема, Миралем Пјаниќ, Преснел Кимпембе, Мамаду Сако од Кристал Палас, Тиму Бакајоко кој е во Наполи на позајмица од Челси, Рикардо Фати од Реџина и многу други. Сите овие ја лајкнале втората објава со селфи на Хабиб (не фотографијата со згазениот лик на Макрон) и текстот на руски. Многумина брзо ги тргнале лајковите, но интернетот памети сè.

Најголемото спортско издание во Франција L'Equipe во чудо прашува како е можно Бекам, Бензема, Пјаниќ и Кимпембе да стават лајк на објава со фотографијата на Макрон и дека најверојатно нивниот лајк е автоматски распространет на обете објави.

Најнапаѓан е Преснел Кимпембе, стоперот на ПСЖ и Франција. Него на социјалните мрежи го обвинија дека поддржува џихад. Тој официјално се извинил на Твитер:

„Јас се занимавам со спорт не со политика. Руски јазик не знам. Одлучно осудувам тероризам, сите форми на насилство и каков било обид за манипулации“, напишал Преснел.

Во искреноста на Кимпембе не поверувале сите. Пример потпретседателот на партијата Национален фронт, Жортан Бадел побарал фудбалерот да биде отстранет од репрезентацијата на Фаранција.

Бардел го критикувал и десниот бек на Ница Јусеф Атаљ кој игра во градот каде после убиството на учителот имаше уште напади во католички храм како резултат на што беа убиени три лица.

Алжирецот исто се извинил како Кимпембе:

„Го лајкнав постот на Хабиб зошто сум му голем љубител. Не сакав никого да навредам. Сериозно сум вознемирен поради нападите во Ница. Јас сум муслиман и јас сум против тероризам“, напишал десниот бек на Ница.

Нападот во Ница се случи брзо по изјавата на Макрон дека Франција по секоја цена ќе го брани правото за слобода на говор: во црквата Нотр-Дам убиени беа три лица, а една жена била практично обезглавена во сад со осветена вода.

Осумничениот за убиството, 21-годишниот Браим кој дошол во Франција од Тунис наводно специјално за напади бил брзо затворен.

И покрај реакциите на јавноста, очигледно е дека фудбалерите судејќи по се, станале жртви на недоразбирање.

2 ноември 2020 - 14:46