Во арената T-Mobile во Лас Вегас се одржа најочекуваната борба во последните неколку години. На турнирот UFC 229 се судрија рускиот шампион Хабиб Нурмагомедов и лудиот Ирец Конор МекГрегор.
Борбата беше мошне квалитетна, а Нурмагомедов ја оправда фаворитската улога (кладилниците му даваа коефицент 1.60 а на Ирецот 2.80). МекГрегор во оваа борба влезе по пауза од две години па не успеа да му парира на спремниот Хабиб.
Во првата рунда Нурмагомедов како „питон“ „ја давеше“ својата жртва во рингот затоа што обајцата беа во позиција која повеќе му одговара на Нурмагомедов.
Во партерот Русинот се обидуваше да го скрши отпорот на Ирецот а таа позиција ја пронајде во втората рунда која изненадно почна со брз обид на Мекгрегор со брзо замавнување да го изненади Хабиб. Нурмагомедов ја избегна левицата на МекГрегор и тргна во противудар, ја искористи шансата и отворениот простор и го собори Ирецот на земја.
"I'm gonna smash you .boy" - Khabib Nurmagomedov #UFC229 pic.twitter.com/lYVt73cKnY
— Ahmi Naqvi (@ahmi55) October 7, 2018
Од тој момент до крајот на втората рунда буквално го изудира МекГрегор со лева и со десна по лицето.
Во 3. руна Конор одново се обидуваше со десна да го изолира Хабиб на дистанца со посилната лева рака да направи предност. Во еден момент и двајцата беа премногу изморени а Нурмагомедов го пореметуваше ритамот на Ирецот така што му ја тргаше десната рака кога овој ќе замавнеше и пробуваше со лева да нападне.
До крајот од третиот петоминутен период ниту Хабиб ниту Конор не направија сериозна прилика и повеќе се одмораа за решавачката рунда. А во неа, помалку очекувано, со оглед на настаните во партерот, беше Хабиб Нурмагомедов.
Тој го фати Конор околу вратот онака како што налагаат правилата и Ирецот мораше да се предаде во исклучително тешка позиција. Ова е 27 победа во UFC за Русинот со дагестанско потекло. Тој нема ниту еден пораз.
Но целиот спектакл Хабиб го упропасти по крајот од мечот. Тој пред неколку дена изјави дека по завршување на борбата нема да се ракува со Конор без разлика на исходот од дуелот, но синоќа отиде подалеку од тоа.
Испровоциран од некој гледач кој фрлал по него со пиво, Хабиб ја прескокна оградата и се степа со дел од публиката. Во општиот хаос имало брза реакција од обезбедувањето, редарите и полицијата, па ситуацијата се смирила.
Во еден момент во октагонот се најдоа и навивачите на Хабиб а еден од неговиот тим го нападнал Ирецот подло од зад грб со тупаници, па МекГрегор морал да се брани.
Here's the best view of the Khabib-McGregor aftermath from a fan#UFC229
— SB Nation (@SBNation) October 7, 2018
🎥 yeroview | Instagram pic.twitter.com/0a8FLfTj3o