Опасните тепачки во ММА зад сцената

ММА борците не се борат само за пари. Се борат и затоа што едноставно сакаат да се тепаат. Секаде. Имаат прилично мал фитил и еден невнимателен збор, мислење и во воздух летаат тупаници. Понекогаш и столици, па и чаши со пиво.

Чарлс Бенет vs секундантот на Вандерлеј Силва
 
Чарлс Бенет никогаш не одел по полесниот пат. Зад кулисот на PRIDE, Бенет не се степа со страшниот Бразилец Вандерлеј, туку со неговиот асистент кој го провоцираше. Бенет прво го совлада мајсторот на бразилско џиу-џицу, а потоа западна во „триаголник“ и не можеше да се одвои. Од притисокот на нозете на секундантот изгуби свест, но брзо се врати.
 
 
Марк Коулман VS Муриљо Руа
 

Уште една тепачка на PRIDE се случи право на рингот, Во борбата против Марк Коулман, Маурисио Руа незгодно падна и ужасно ја скрши раката. Но „Чеканот" продолжи да удира и после гонгот, поради што на рингот влезе брат му на Маурисио, Муриљо, а покус не остана ниту Вандерлеј Силва кој се фати со Фил Барони од другиот тим. Во метежот беше и 66-годишниот татко на Коулман и за среќа се се заврши брзо.

Браќата Диаз VS Хабиб Нурмагомедов

UFC борци се појавија на турнир во WSOF (Ворлд серис оф фајтинг). Тоа звучи забавно на прв поглед. Хабиб дојде да го поддржи својот брат Абубакар, а Диаз дојде да го поддржи Џејк Шилдс. Не се истрпеа неколку минути еден до друг и среќа меѓу нив имаше многу луѓе кои делеа.

Ник, ортак на Шилдс, почнал да го навредува тимот на Нурмагомедов, прво им покажа среден прст, па ги гаѓаше со чаша пиво која што го погоди Хабиб. Тепачката брзо следуваше, но за среќа не заврши во брутален масакр без повредени затоа што брзо реагираа луѓето од обезбедувањето. На крај остана мистерија кој кого удрил.

Даниел Кормие VS Џон Џонс

Борците пред и после борбите немаат нешто лично да си кажат и секој нареден пат се среќаваат како ништо да не било. Си поддаваат рака со зборовите: „Тоа е само работа на крајот од краиштата". За жал се случува некои борци да бидат крвни непријатели како на пример Џон Џонс и Даниел Кормие кои омразата ја демонстрираа после двобојот со погледи на промоцијата.

Џејсон Милер VS браќата Дијаз

Април 2010. година. Среќниот Џејк Шилдс дава интервју после борбата. Толку моќно го победи Ден Хендерсон што заслужено го освои шампионскиот појас Strikeforce. Во кругот на веселите членови на неговиот тим наеднаш се појави Џејсон Милнер кој влезе во камерата со зборовите: „Каде е мојот реванш, другар"?

Не се чекаше многу а прв влета Ник Дијаз кој не губеше време и му влезе во лице на Џејсон. Веднаш се вмеша и неговиот тим, а за целиот метеж кој одеше на државниот канал, казни добија Џејсон и Ник Дијаз кои беа суспендирани од понатамошните борби.