Графит во Истанбул посветен на борбата меѓу Хабиб и Конор
Турчинот Мохамед Емин Туркмен (33), се занимава со цртање графити повеќе од 20 години. Тоа му е и професија затоа што заработува цртајќи за локалните брендови.
На улиците на Истанбул го знаат под името MET. Тој толку бил восхитен од триумфот на Хабиб Нурмагомедов против омразениот Конор што веднаш после мечот решил да нацрта графит.