МекГрегор дебитираше во боксот токму против светскиот шампион Мејведер кој на 26. август годинава го победи Ирецот со технички нокаут во 10. рунда.
После мечот Мејведер објави дефинитивен крај на кариерата (два пати го враќаа) и изјави дека веќе нема мотиви затоа што беше непобедлив шампион во верзиите WBC, WBA, IBF и WBO. МекГрегор од друга страна е светски шампион во UFC и прв борец кои од овие вештини се пробал во професионален бокс.
„Начелно Мејведер зборуваше за тоа дека ќе се судриме и по правилата на ММА, а тоа го кажа пред борбата. Во план ми е да викнам еден боксер во нашиот ринг. Јас влегов во нивниот свет, направив шоу за моите навивачи и сега треба еден од нив да дојде во мојот свет. Може да биде Малињаџи или Флојд. Може да направиме реванш по боксерските правила или да направиме ММА борба како што говоереше. Во мене има различни варијанти“, изјавил МекГрегор.
Малињаџи е поранешен светски шампион во полусредна категорија во верзијата IBF (2007-2008) и WBA (2012 - 2013). Тој му помагал на Конор пред борбата со Флојд но односите им се нарушиле откако некој од тимот на Конор објавил видео на кое се гледа како Ирецот го крши од ќотек за време на еден спаринг меч.