Борбата, која што се одржа во склоп на UFC Fight Night во Јунајтед Центарот во Чикаго беше првиот настап на Холи Холм откако го загуби UFC појасот од Миеша Тејт во март годинава. Тејт го држеше шампионскиот појас во бантамвејт категорија само четири месеци, затоа што на 9. јули загуби од Аманда Нуњес. Бразилката Нуњес сега има 4 кандидатки кои ја предизвикуваат на борба.
Холм (34) има два порази по ред после големиот триумф над Ронда Роузи во UFC 193 во ноември лани. Холм никогаш не загубила две борби по ред во нејзината боксерска кариера од 2002 до 2013 година.
- На првиот тренинг ме однесе мајка ми. Таа се занимавала со боречки вештини и кога видела дека се интересирам за овој спорт, избра простор за тренинг и добар тренер. Никогаш не ни викаше како мораме да одиме на тренинг. Тоа беше апсолутно искрена страст и мајка ми само ми помогна да ја реализирам, вели новата светска шампионка во UFC која што ја симна од тронот Холи Холм.
Во времето на Сталинистичкиот СССР, семејството Шевченко било депортирано од Украина во Киргистан каде што се родила малата Валентина. Украинците во тој период биле присилени да земат руско државјанство, поради што Валентина Шевченко (28) денес не зборува украински, иако го има најпопуларното украинско име и презиме.
Боречките вештини ги учела од мали нозе и тоа ја однело во Перу, Јужна Америка каде продолжила да тренира Тајландски бокс.
Валентина целиот свој живот тренира со еден човек. Од детството за нејзините вештини се грижи Павел Федотов, почитуван тренер во Русија и Киргистан, мастер на меѓународниот спорт. „Тренерот ми даде апсолутно се. Под негово водство сум од своите шест години. Ме воспитуваше не само како спортистка, туку и како личност. Има години и години искуство во бокс и боречки вештини", вели новата шампионка.
Пред да премине во UFC, Шевченко освоила 17 светски ѕлата во тајландски бокс, кикбокс и ММА. Валентина поседува три државјанства. Родена е во 1988. година во Киргистан, неколку години потоа живеела и тренирала во Русија, а сега живее во свој дом во Перу каде пред неколку години се преселила со сестра и и тренерот. Шевченко вели дека се вљубила во таа Јужноамериканска земја на прв поглед.
„Во Перу многу го сакаат овој спорт, а особено женските борби кои имаат централно место на турнирите. Секогаш има многу новинари и гледачи, многу внимание се посветува на боксот и боречките вештини. И нам ни е пријатно што луѓето покажуваат интерес", вели Шевченко.
Валентина има неколку тетоважи по телото, секоја со важно значење за неа. Првата што ја направила на грбот е амблемот на Федерацијата на Киргистан по тајландски бокс (леопардот кој е симбол на Киргистан). Во 2006. година Шевченко истетовирала уште нешто како спомен за победата на Светското првенство и таа тетоважа ја смета за амајлија.
Валентина долго време се занимавала и со танци:
Валентина во еден момент била во средиштето на вооружен грабеж во Перу кога ја доживеала најопасната ситуација во животот. Во мај годинава, Валентина и нејзиниот тренер седеле во еден ресторан во Лима, кога во еден момент влегле разбојници и го погодиле Павел Федотов кој останал да лежи. Еден куршум ја погодил Валентина во левото крило, но за среќа не и бил погоден ниту еден витален орган. Во јули тренерот се вратил на работа.