Ваквото релаксирање е надополнето со воведување на надгледувани "соби за вшприцување" прво во Даблин па потоа во уште неколку градови. Сето ова е дел од "радикалната културолошка промена во ирскиот пристап кон зависностите од наркотици. "
Промените ги најави министерот за нови заедници, култура и еднаквост Еиден Риердан во интервју за Ајриш Тајмс, а комплетниот план ќе го презентира следниот понеделник пред Лондонската школа за економија.
Најавата следува паралелно со протекувањето на еден извештај од Канцеларијата за дрога и криминал на О.Н. во кој се укажува дека тие ќе бараат декриминализација на користењето опојни дроги по основа на јавно здравје и човекови права.
Рамката за новиот закон е да почне да се применува од почетокот на следната година.
Министерот нагласува дека декриминализација не е исто што и легализација, односно, продавањето, дистрибуцијата и профитирањето на дроги и понатаму останува кривично дело, со тоа што повеќе нема да е криминал да бидеш нарко-корисник или зависник.