Паралелно со националното знаме на Ирците, за прославата е забрането и знамето на 4-те провинции, уште едно од обележјата ирскиот народ.
Од една страна одлуката е критикувана дека е обид во Северна Ирска да се „потисне и разјаде секаков приказ на ирска култура и наследство,“ од друга страна прашањето до локалните власти е - кој ќе ни забрани, „дали британската војска ќе биде ангажирана за спроведување на забраната?“
Неколку од градовите кои ја објавија забраната пред еден месец по целиот притисок и галама одлучија да ја повлечат, меѓутоа има случаи како градските власти на Њури, кои порачуваат дека сите учесници се согласиле дека ќе ги почитуваат правилата и условите за настап на парадата, и ако властите одлучат дека нивните знамиња ги прекршуваат правилата, тие ќе мора да бидат отстранети.