
Најголемиот дел од 1960-те, па се до почетокот на 1990-те, Северна Ирска е во постојана состојба на војна. Неколку години олабавување на судири и терористички акции отвораат простор за двете страни националистите (Ирци католици) и унионистите (претежно протестанти) во 1998 да потпишат мировен договор.
Клучно во договорот е дека жителите на Северна Ирска можат да имаат и британско и ирско државјанство, и дека дотогаш воено обезбедената граница меѓу Северот и остатокот од Ирска ќе биде речиси избришана и крајно релаксирана.
Ваквата лагодност беше овозможена од фактот што двете држави беа членки на ЕУ.
Брегзит го поништува сето ова, и за сега по повеќе од една година преговори статусот на границата со Ирска и понатаму не е разрешен.