Профитот што го генерира Микрософт раунд уан е еднаков на речиси три-четвртини од БДП-то на Ирска, иако компанијата нема ниту еден вработен.
Во 2020 БДП-то на Ирска изнесуваше 433 милијарди долари.
Филијалата ги собира парите од лиценци за користење на Микрософт програмите од целиот свет. Година претходно профитот на компанијата беше нешто под 10 милијарди долари.
Избегнувањето данок од корпорациите се очекува дека ќе биде една од главните теми на состанокот на Г7, кој месецов треба да се одржи во Англија.
Додека политичарите од цела Британија и Ирска го нападнаа Микрософт за „бесрамно и безобѕирно одбивање да плати данок“ од Микрософт во даночната пријава само наведуваат дека „бидејќи компанијата е даночен обврзник на Бермудските острови, на нејзе не и се наплаќа данок на приход.“
Микрософт во Даблин е регистрирана на адреса на адвокатска фирма, и нема ниту еден вработен освен директорите.
Микрософт раунд уан и исплатила дивиденда од 24,5 милијарди долари на Микрософт корпорацијата, по што следела уште една специјална дивиденда од 30,5 милијарди долари.
„Повеќе не е дозволиво за пристојна и одговорна држава да стане и да каже дека е нејзино демократско право да произведува гасови штетни за животната средина или адитиви со олово, и да остави остатокот од светот да страда од последиците.
Истото важи и за овозможувањето на избегнување данок, што е токсичен загадувач од светскиот финансиски систем,“ е критиката за Ирска од првиот човек на Фондацијата за фер оданочување, Пол Монахан.
Микрософт, Амазон, Фејсбук, Гугл, Нетфликс и Епл, во изминатата деценија имаат платено 219 милијарди долари во данок, што е само 3,6 проценти од нивниот вкупен приход од 6.000 милијарди долари.