Токму избегнувањето на корпоративен данок ќе биде една од темите на Г20 состанокот.
Во основа сè може да се подели на пет фази:
- американска фирма отвора претставништво во Лондон каде што произведува уреди.
- клучната работа што ја знае претставништвото во Лондон е дека корпоративниот данок не се однесува на вкупните приходи, туку на профитот што ќе го направиш. Па и покрај тоа што годината имале приходи од 900 милиони фунти на овие пари тие имаат профит од само 10 милиони фунти (и на оваа сума плаќаат данок).
- претставништвото е чисто околу висината на профитот (не крие данок), бидејќи а) тоа плаќа скапо за деловите од кој е составен уредот, кои инаку ги купува од сестринска компанија од Сингапур (исто е ама не е исто) и б) готовиот уред со минимална маржа го продава на сестринска компанија во Ирска (повторно истиот сопственик од САД ама пак е различно). На крај навистина му остануваат само 10 милиони фунти профит.
- во меѓувреме, готовиот уред низ светот го дистрибуира компанијата од Ирска, кој го продава по цената што вие ја плаќате во продавница и го прави главниот профит.
- пресвртот што се случува на крај е што иако компанијата во Ирска го има собрано купот пари, тие не плаќаат данок, бидејќи се заведени како странска компанија во земјата, што според тамошните закони значи дека е ослободена од даноци. Во меѓувреме компанијата основач од САД не подлежи на данок бидејќи според американските закони, компанијата во Ирска се смета за странска компанија и нема што да плаќа даноци.