"Ова значи дека корпоративниот данок на Фејсбук бил понизок отколку данокот што просечниот вработен во Велика Британија го платил на сопствената плата," пишува БиБиСи.
Основата за избегнување данок почнува со тоа што за 2014-та, Фејсбук пријавил загуба од 38,2 милиони евра, загуба која во добар дел се базира на тоа што компанијата на 362 свои вработени во Британија им исплатила бонуси од 47,5 милиони евра, или околу 129.000 евра по вработен. Втора основа е што седиштето на Фејсбук (за Европа) е во Ирска, каде што има далеку пониски корпоративни даноци.
Од Фејсбук се бранат дека даночните пријави им се во согласност со законите, и дека сите нивни вработени платиле данок на бонусите што ги добиле.
Во јануари годинава, Фејсбук објави дека во четвртиот квартал имал профит од 619 милиони евра, или 34% повеќе од истиот период една година претходно. Компанијата тогаш соопшти и дека приходите од реклами пораснале за 53% и изнесувале 3,1 милијарда евра.