Економистот Габриел Зукман во книгата The Hidden Wealth of Nations, пребројува дека САД имаат изгубено 200 милијарди долари во пари што приватни лица ги имаат скриено во даночни раеви, и уште 130 милијарди долари по исти основи од компании.
Зукман прави и ретроспектива на историјата на борбата против затајувањето данок во изминатите 100 години. Заклучокот му е дека и покрај обемноста на проблемот секогаш има и имало решение за него, ама никогаш немало доволно политичка волја да се преземат постапките што се потребни.
Неговото решение е составено од три елементи. Првиот е создавање на глобален финансиски регистар, кој води сметка низ целиот свет кој колку финансиски средства поседува. Тој би ги опфаќал сите достапни видови на хартии од вредност.
"Вторите два дела од неговото решение, изгледаат несекојдневно игнорантски кон моќните врски и интересите кои го опкружуваат користењето и владеењето со овие даночни раеви," пишува Брук Харингтон во Атлантик.
Овие два дела од неговиот предлог, предвидуваат воведување глобален данок на капитал и санкции за сегашните даночни раеви.
Според Харингтон она што е многу поголем проблем, отколку наивноста на Зукман дека некој политичар сериозно ќе се зафати за ваков проект, е што државите кои се погодени од избегнувањето данок, исто така имаат и корист од тоа.
"Како што голем број офшор финансиски центри истакнуваат во изминатите години, држави како САД и Британија се меѓу најголемите даночни раеви во светот. Преку специјални даночни засолништа за странски инвеститори и иновации во корпоративните закони специјално направени за привлекување на бизнисот на богати поединци, Вол Стрит и лондонски Сити, се главни играчи во индустријата која американските и британските влади се обидуваат јавно да ја осудат. Иако нивните избрани функционери може јавно ја оплакуваат загубата од избегнување данок, овие држави играат двојна игра, олеснувајќи го истото ова избегнување преки нивни лични финансиски сервиси," објаснува Харингтон.