83 годишниот Мат Марфи решил својата куќа да му ја остави на 58 годишниот Мајкл О Саливен, долгогодишен пријател и човек кој се грижел за него во годините кога староста почнала да го нагризува.
Но, бргу разбрал дека таквиот потег би го натоварил Саливен со сметка од 50.000 фунти на име на данок за наследство па двајцата Ирци, инаку хетеросексуалци, решиле да се венчаат за да го преебат системот.
Се запознале пред 30 години откако пукнала втората сериозна врска која ја имал Марфи, набргу Саливен останал без дом па се сместил кај пријателот. Марфи немал пари да го плаќа како негувател па си дале збор дека куќата ќе биде оставена во наследство како надомест за грижата.
Но тогаш се соочиле со огромниот данок кој би требало да се плати а за кој наследникот нема пари кога некој од пријателите ги посоветувал кое им е чарето.
Саливен има еден брак зад себе а Марфи никогаш не се женел. Се венчале и отишле на ручек со уште тројца пријатели, среќни што на залезот од животот сепак успеале нешто да искамчат од државата.
Ако баш треба детали, на свадбата се пеел Вили Нелсон и неговата „Let the Rest of the World Go By“.
Иако ниеден од двајцата сопружници не е геј, имаат сериозен респект кон таа заедница бидејќи, како што велат, борејќи се за својата рамноправност, имаат направено многу се сечија рамноправност.