Италијанските медиуми ги објавија имињата на сите претседатели на клубови, раководни лица и познати фудбалери кои се осомничени за затајување на данок, а финансиската полиција направи рација во 41 клуб.
17 фудбалери се под истрага за затајување данок, а меѓу нив има и пензионирани играчи. Од славните се споменуваат Адријан Муту, Марек Јанкуловски, Хернан Креспо, Диего Милито, Лавеци, Кристијан Молинаро, Антонио Ночерио и Чиро Имобиле.
Во акцијата „Офсајд“ под истрага се најпознатите раководни лица во италијанските екипи како Галијани од Милан, Лотито од Лацио, Ѕампарини од Палермо, Жан Клод Блан од Јувентус, Де Лаурентис од Наполи, Дела Вале од Фиорентина.
Потеклото на оваа истрага датира од 2012 година кога финансиската полиција влегла во просториите на Наполи и Фудбалската федерација на Италија и пронашла неправилности околу трансферот на Лавеци кој таа година замина во ПСЖ.
Инспекторите откриле една распространета појава во работењето на италијанските клубови кај кои е забележаната нерамнотежа во финансиите и серија на даночни прекршоци.