Лионел и татко му Хорхе Хорацио Меси се осудени за затајување данок во периодот од 2007 до 2009 година. Меси на суд првпат по повод ова обвинение се појави на 2. јуни кога изјави дека немал никаква врска со делото и дека тој и татко му се апсолутно невини и дека тој на крајот од секоја година само отворал да види колку заработил.
Bleacher report објави на Твитер дека и покрај пресудата, Меси нема да лежи зад решетки затоа што казната била условна и дека немал кривични дела зад себе во минатото. Покрај казната, Меси е должен да плати и 2 милиони евра, по одлука на судот. Судските власти претходно најавија дека Лео и татко му го избегнувале плаќањето данок и дека преку компании на Белизе и во Уругвај ги продавале правата на ликот на напаѓачот на Барселона.
Со оглед на тоа што двајцата имаат право на жалба до Врховниот суд на Шпанија, пресудата се уште не е правосилна. И во случај да е, Меси и татко му досега не се осудувани и немаат кривични дела, плус казната е помала од две години, така што во жалбената постапка казната би можела да добие форма условна.
Приходите освен правата на ликот се однесувале и на договорите со Банка Сабадел, Даноне, Адидас, Пепси, Проктере енд Гембл и Кувајтската компанија за готвење.
„Себеси се посветив на фудбалот. Му ги доверив на татко му и на адвокатите грижите за другите работи. Сигурен сум дека не сакале да ме измамат. Не знам ништо за ова, ниту некогаш ме интересирало тоа. Знам само дека потпишав договор и дека морав да се појавувам во реклами или да се фотографирам. Ништо ни сум прочитал ниту сум барал. Се сеќавам дека пред 10 години бев кај нотар, но не знам зошто бевме, одамна беше", изјавил Меси додека ја изнесувал одбраната на судот.
Лео и татко му Хорхе во август 2013. година уплатиле 5,6 милиони долари со цел да го избегнат судењето. Меси не е единствен фудбалер на Барселона со таков проблем. Судот во Рио де Жанеиро пред три и пол месеци му наложи на Нејмар да плати неверојатни 52 милиони евра, додека Аргентинецот Хавиер Маскерано е казнет со подносливи 800.000 евра.
Веднаш по објавата, се огласи и Барселона која што им пружи поддршка на Меси и татко му.