52-годишниот Мухамед Абдул Кадир не видел многу аир од парите и е уапсен и приведен на испрашување од тамошните власти како дел од акција против масовно перење пари на десетици лажни сметки.
Сметката на Кадир била една од 77-те сметки направени на име на физички работници и слична група на граѓани, преку кои се претпоставува дека се испрани околу 250 милиони евра во корист на поранешниот претседател Асиф Али Зардари.
Во 2016 Централната банка на Пакистан забележува сомнителна трансакција од сметката на Кадир (отворена меѓу 2014-2015), кога од нејзе се повлечени речиси 16 милиони евра.
Кадир успева да се спаси од затвор откако бескрајно пати им повторува дека немал претстава за постоењето на сметката и парите, и дека тој не би можел да ја потпише трансакцијата на 15,8 милиони евра од проста причина што - не знае да пишува.
На второто испрашување на 19-ти септември годинава сладоледџијата ги кани властите да дојдат до кај него дома за да видат како живее па да размислат „дали некој би живеел така мизерно кога би имал милијарди на сметка?“ Во локална валута богатството на Кадир изнесувало 2,3 милијарди рупии, заради што тој инстантно го добива и името „милијардерот без пара“.
Сега, кај заработува по 3,5 евра на ден, Кадир треба да стравува некој да не поверува во приказната па да реши да го киднапира, а додека тоа не се случи треба да го трпи сеирот од околината.