Во говорот пред Думата, претседателот на Централната банка на Русија, Сергеј Игњатев, објави дека во 2012-та имало 38,1 милијарда долари сомнителни финансиски операции, една година претходно имало 33 милијарди, а во 2010-та биле 25,9 милијарди долари.
Сомнителниот капитал кој излегува од Русија изнесува меѓу една третина и една половина од вкупниот капитал кој годишно ја напушта земјата.
Годинава на барање на полицијата Централната банка изработи извештај на 230 страници во кои беа анализирани директните и индиректните финансиски операции на низ компании за кои полицијата се сомнева дека работат со перење пари.
Извештајот покажа дека фирмите за кои била заинтересирана полицијата се дел од една голема мрежа на компании која брои 1.173 "еднодневки" (фирми што се отвораат за една или неколку финансиски трансакции и потоа се гасат) кои од земјата преку трансакции изнеле 20 милијарди долари и уште 640 милиони долари во готовина.