Луѓето зад Петја вирусот што за едно петочно попладне успеа да им го упропасти викендот на систем администратори од Украина, преку Западна Европа до САД, користеа биткоин за да им наплатат откуп на своите жртви.
Исплатата се вршеше пред очите на сите. Дигиталната валута од биткоин сметката на жртвата се уплаќа на биткоин сметката на хакерите. И овие трансакции беа лесни за следење бидејќи сите жртви уплаќаа на една сметка.
Вкупно на конкретната сметка пристигнаа 10.000 долари, кои внимателно беа следени од властите низ цел свет. Моментот кога сопственикот на биткоинот може да биде идентификуван е кога тој ќе одлучи него да ја претвори дигиталната валута во вистинска со тоа што ќе ја повлече преку некоја од "менувачниците". Бидејќи ова е едно од основните правила, никој не очекуваше дека парите воопшто ќе мрднат од сметката на хакерите.
На 4-ти јули парите за прв пат се префрлени на втора сметка каде седат три дена. Од втората сметка парите се испратени преку биткоин миксер, "комплексна серија на трансфери што корисниците можат да ги употребат за да избегнат каква било трага меѓу две или повеќе биткоин адреси, во основа перење на нивните пари".
Што е тоа што е толку комплексно? На примерот се мапирани 2.373 трансакции. Парите во биткоин миксерот може да минат низ стотици илјади трансакции:
Анимацијата покажува дека парите на хакерите од втората сметка се испратени на адреса која има голем волумен на трансакции, и од тој момент може само да се шпекулира дали парите што излегуваат од таа адреса ги вклучуваат и биткоините на хакерите зад Петја.
Ако сакаш да ја дознаеш крајната сметка на која завршуваат парите од Петја откупот, најверојатно ќе треба да минеш стотици илјади трансакции, кои на крај најверојатно пак ќе завршат на една сметка.