Во годишниот извештај на странската разузнавачка служба на Естонија се тврди дека иако Русија е малку веројатно дека ќе постигне „квалитативен скок“ во своите капацитети да води војна, Путин нема да биде застрашен и покрај проблемите што ги имаше во првата година од инвазијата. Клучот за неговото размислување е послабата поддршка од сојузници како НАТО и САД.
„Путин игра на време, верувајќи дека Украина и Западот ќе се истоштат пред Русија. Путин верува дека може со бомби да ја натера Украина да седне на преговарачката маса,“ пишува во извештајот.
Естонските разузнавачи тврдат дека Путин не го пишмани дури ни тоа што неговите воени планери беа непријатно изненадени од украинските капацитети да се спротивстават на војната и обемот на американски и европски санкции за Русија и помош за Украина.
Разузнавачите тврдат и дека руската елита е се позагрижена дека Путин „излудел, ама најголемиот дел од нив нема храброст да преземе вистински чекори за каква било промена.
„Не постои значителна групација која ги опфаќа демократските вредности во потенцијална пост-Путин Русија.
Наместо тоа има 'радикални' фракции кои се борат за моќ. Меѓу нив се и онаа на Евгениј Пригожин, сојузникот на Путин што ја предводи Вагнер групата, и Рамзан Кадиров, милитантниот лидер на Чеченија кој ја укори руската војска за нејзините неуспеси,“ пишува Блумберг.
Естонските шпиони го нарекуваат владеењето на Путин СССР 2.0, за кој на повидок нема „ниту нов Горбачов, а да не зборуваме за Јелцин.“