Откако Рехе го пријавија дека го нема, естонските власти започнаа операција за пребарување која вклучуваше кучиња трагачи, дронови и доброволци. За сега не е јасно дали на никој од нив не им текнал да провери кај Рехе дома, или па проверил, ама во тоа време немало тело.
Од полиција изјавуваат дека не се сомневаат дека трета страна е вмешана во исчезнувањето, а естонските медиуми објавуваат дека „сè на местото каде е најден 56-годишниот Рехе наведувало дека се работи за самоубиство“.
Рехе првично не беше дел од обвинетите за перењето пари кои минаа преку банката за која тој беше одговорен. Тој во интервју од март годинава изјави дека верувал дека механизмите за спречување на перење пари што во тоа време постоеле во банката биле соодветни.
Трагичниот крај на Рехе се поврзува со проширувањето на истрагата од германска страна околу целиот скандал. Во средата властите упаднаа во канцелариите на банката во Франкфурт.
****
Претходно околу Данске банк:
- Душманот Русија и нејзините пари
- Што е Троика перална и како испра милијарди долари