Естонија месецов планира да воведе правна регулатива за легална заплена на руски имот, откако балтичките земји предложија замрзнатите руски средства да бидат пренасочени и доделени како помош за Украина.
Земјата планира да ја презентира оваа идеја пред Европската комисија која сè уште се договара што ќе прави со руските државни резерви и средстата од замрзнатите сметки на руските олигарси.
„Членките на ЕУ мораат да инсистираат на одговорност за злосторничката агресија и да ги користат руските замрзнати средства“, изјави естонската премиерка Каја Калас, која се прослави заземјаќи остар став против Владимир Путин.
Естонската управа за борба против перењето пари направила пресметка дека само во Естонија, како резултат на санкциите, замрзнати се руски средства во износ од скоро 20 милиони евра.
Владата на германскиот канцелар Шолц е отворена за употреба на рускиот имот, пренасочувајќи го во помош за Украина, доколку е тоа правно изводливо.
Една опција е да се брцне во џебовите само на поединци директно вмешани во воените активности. Целосната заплена е помалку веројатна затоа што нејзината правна изведба е далеку посложена и може да потрае долго.