На овој фудбалски терен ја нема онаа бела точка каде што се става топката на почеток од мечот, туку на тоа место има Даб кој изникнал пред 150 години. Естонците не го баталиле игралиштето на кое играат и денеска и ниту смеат да го исечат, па мора да прават еден дриблинг повеќе. Дрвото стана до толку популарно што е прогласено за Европско дрво на 2015 година, а легендата вели дека не можел да го исече ниту Сталин.