Сторија во која се преплетуваат легенди, фолклор, политика и лични животни судбини. Како онаа на еден даб и еден поштар, кој дваесет години кај дрвото оставал пораки од осамени срца, за кои тој станал главен стројник.
Што е толку важно дали нешто што расте од земја е категоризирано како дрво или како „обично" растение? Епа важно е, и тоа не само ботанички, туку и политички.
Во Атина, Џорџија живее дрво кое е олицетворение на идејата за автономија. Сè што ти е потребно за да ја оствариш - без оглед дали си човек или дрво или Универзитет - е свое парче територија и разбирачка со другите дека на него треба да бидеш невознемируван.
Кога игравме како деца фудбал во маало, за стативи обично сме користеле камења, лименки или ако во некој парк начекаме дрва на блиско растојание. Естонија ни носи еден сосема поинаков пример.
Сам Ван Акен работи на нешто кое на прв поглед делува како проект од областа на генетскиот инженеринг: дрво кое во себе содржи 40 различни типови овошки. Сепак тој не е ниту земјоделски инженер, ниту генетичар, туку - уметник.