Лекции по автономија:

Дрвото што си е самото свој газда

Во Атина, Џорџија живее дрво кое е олицетворение на идејата за автономија. Сè што ти е потребно за да ја оствариш -  без оглед дали си човек или дрво или Универзитет -  е свое парче територија и разбирачка со другите дека на него треба да бидеш невознемируван.

Во раниот 19ти век, професор на Универзитетот Џорџија, полковникот Вилијам Х. Џексон, решил да ја овековечи својата врска со еден 350 години стар бел даб, на кого се пентарел уште како дете на семејниот имот. Свесен дека дабот како што тргнало ќе го надживее, тој составил документ кој нему му ја гарантира неговата автономија. Оригиналниот запис е загубен, но плакетата во подножјето на дрвото гласи:

„Со оглед на огромната љубов којашто ја имам за ова дрво, и заради големата желба да го заштитам за вечни времиња, му доделувам целосна сопственост над самото себе, и на сета земја на осум стапки (2,5 метри) околу него"

Сепак, на дрвото не му биле судени "вечни времиња" па опстанало до 1942, кога паднало после некоја голема бура. До тој момент тоа веќе имало статус на локален споменик, па жителите на градот побрзале да го заменат. Четири години подоцна, со зафатен корен од старото, било засадено ново дрво, кое се вика „Синот на дрвото кое се поседува себеси".

Правно гледано дрвото не е газда на својата судбина, а дури и оригиналниот документ од некаде да искрсне тој ќе важи за она коешто е веќе паднато. Сепак, грижата на заедницата е голема - се организираат родендени за нив, се штитат од громови, а посебно се внимава на „синот" на Дрвото кое се поседува себеси, од чии ластари ќе никнат и нови генерации.

Непотребен бонус (на 4:15):



19 септември 2015 - 16:49