На денешен ден во 1996 година Шкотска и Естонија го одиграа, односно Шкотска го одигра можеби најкусиот меч во историјата на фудбалот.
Во рамките на квалификациите за Мундијалот во Франција 1998 година, Шкотска и гостуваше на Естонија во Талин, а на да ден пред средбата одржа тренинг и не беше задоволна од осветлувањето на стадионот Кадриору па побара поместување на времето.
Извршниот комитет на ФИФА следното утро одржа состанок и го премести за во 15:00 часот, но домаќините негодуваа за одлуката поради нивниот договор за тв правата.
Шкотланѓаните дојдоа на стадион во закажаното време, но од селекцијата на Естонија не се појави никој. Судијата Мирослав Радован од Нови Сад означи почеток и по 3 секунди свирна крај на мечот, а Тартан Армијата кои беа дојдени околу 1.000 пееја: „Има само еден тим во Талин“.
Шкотска се надеваше дека ќе добие службена победа од 3:0, но ФИФА одлучи натпреварот да се преигра на неутрален терен. Тоа се случи во Монако на 11 февруари 1997 година пред 3.766 гледачи кои не видоа ниту еден гол.
Шкотска на крајот во групата заврши втора со 23 бодови и како селекција со најмногу бодови од второпласираните репрезентации обезбеди директен пласман на Светско. Естонија не се пласираше бидејќи беше петта.
Фудбалерите на Шкотска па уште се и ракуваа со судијата, а изјава даде Ленарт Јохансон кој тогаш беше претседател на УЕФА и потпретседател на ФИФА.