Американската организација RAND corporation предупреди дека Русија би можела да ги освои Естонија и Латвија за нецели три дена.
Во извештајот на оваа тинк тенк организација финансирана и од американската влада се проценува дека одбрамбената НАТО инфраструра на Балтикот не би го издржала евентуалното доаѓање на Русите кои во Рига и Талин би можеле воено да се сместат за само 60-тина часа.
Во едно вакво сценарио НАТО би претрпел жестоки загуби, вклучувајќи и човечки животи а ваквиот епилог не би можел да го смени ни расположивата американска авио поддршка во регионот.
"Во сегашната поставеност, НАТО не би можел успешно да ја брани територијата на своите најизложени членки. Во сите модели и сценарија кои се разгледуваа, на руската војска би ѝ биле потребни најмногу 60 часа да стигне до главните градови на Естонија и Латвија. Ваков брз пораз на НАТО би му оставил многу малку опции, сите лоши", стои во извештајот.
Ако состојбата е таква, има ли чаре за НАТО?
Имало. Екстра 7 бригади од кои три со тешко воооружување, адекватна воздушна поддршка и засилена земјена ракетна инфраструктура би можеле да спречат руски блицкриг на Балтикот, проценуваат стратезите на РАНД.
Според нив, тоа би чинело 3,7 милијарди долари годишно.
Ве чуди што овој извештај на Ранд коинцидира со барањето на американскиот секретар за одбрана Еш Картер за дополнителни средства за одбрана на источното крило на НАТО во Европа од евентуална руска интервенција?