Во Нарва, на естонската страна од границата со Русија, пред некој ден беше откорнат и тргнат советскиот тенк Т-34 кој со децении седеше таму како споменик на советските војници што загинале во Втората светска војна. Кратко по тоа, локалците на сопствен начин решија да го продолжат сеќавањето.