Саудискиот фонд за јавни инвестиции што за 55 милијарди долари ја купија најпознатата компанија за видео-игри Electronic Arts (EA), креаторот на популарните игри Fifa, The Sims и Mass Effect. Во групата инвеститори е и Affinity Partners на Џаред Кушнер - зетот на претседателот Доналд Трамп.
EA ќе биде трансформирана во приватна компанија. Инвеститорите ќе ги откупат сите акции од слободно тргување и компанијата повеќе нема да биде присутна на берзата.
Ова е еден од најголемите откупи на компании со позајмен капитал. Саудискиот фонд вложува 36 милијарди долари, а 20 милијарди за трансакцијата позајми инвестициската банка JPMorgan. Аналитичари од Bloomberg предупредуваат дека отплатата на долгот може да резултира со масовни отпуштања, поагресивна монетизација и други мерки за намалување на трошоците во една од најголемите компании во индустријата за видео-игри.
EA лани оствари приход од 7,5 милијарди долари. Во октомври за три дена продаде рекордни 7 милиони примероци од играта Battlefield 6, но и покрај тоа отпушти вработени вклучени во развојот на новото издание од серијалот.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.