„Улцињ е албански град, заробен од корумпирани политичари“ и ќе биде „ослободен“ на локалните избори во 2027 година, објави на својот профил на Инстаграм потпретседателот на Владата на Црна Гора и министер за економски развој Ник Ѓелошај.
Соочен со лавина осуди, вицепремиерот одговори дека не изразил територијални претензии кон земјата во која извршува висока функција, туку ја опишувал „историската и демографската посебност на градот“.
Скандалозната порака е поттикната од вжештената дебата во црногорскиот парламент меѓу претставниците на две албански политички групи: Албанскиот форум – на кој му припаѓа Ѓељошај – и Албанската алијанса, во врска со предлог-законот со кој се воведува статусот „град“ како посебна единица на локалната самоуправа.
Албанската алијанса тврди дека со новиот закон Улцињ би го изгубил статусот на град. Пратеникот Артан Чоби од Албанскиот форум во расправата изјави дека Улцињ е „древен илирски град со кој се гордеат Албанците ширум светот“ и дека бил „албански град“ кога станал дел од Црна Гора во 1878 година.
„Многу политичари во Црна Гора јавно се залагаат за граѓанска држава, но зад таа реторика честопати се кријат национални интереси“, забележа политичкиот аналитичар Стефан Ѓукиќ.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.