Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД ги потрошиле скоро сите прецизни ракети со долг дострел

4 август 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Копнените сили на САД во петмесечната војна против Иран ги потрошиле „практично сите“ залихи на ракети од типот ATACMS (армиски тактички ракетни системи) и PrSM (ракети за прецизни удари), изјавиле за Ројтерс тројца упатени извори од Вашингтон. Тие не наведуваат колку точно ракети земја-земја ѝ останале на располагање на Армијата на САД.
  • Ракетите ATACMS испорачани од САД ѝ помогнаа на Украина да напаѓа цели длабоко на руска територија. Ракетите PrSM се од понапредна генерација, со уште поголем дострел. Секоја од нив чини над 1 милиони долари.
  • Залихите на PrSM биле мали уште на почетокот на војната, бидејќи тие се релативно нова муниција, но американската војска има нарачано голема количина од нив за 2027 година. Ракетите ATACMS постепено се повлекуваат од употреба и од производство за да бидат заменети со поновите ракети PrSM.
  • Изворите на Ројтерс тврдат дека залихите се намалени поради одлуката на администрацијата на Трамп да избегне класични бомбардирања цели во Иран за да не се загрозат пилотите и авионите. Долгострелното оружје е побезбедно, но во исто време е незаменливо за евентуален судир со земји со многу помоќна противвоздушна одбрана, како што е Кина.
  • „САД поседуваат далеку повеќе муниција од кој било друг во светот и далеку повеќе отколку што ни е потребно. Нашите одбранбени компании во овој момент произведуваат повеќе муниција од кога било досега и ги прошируваат своите погони и капацитети на рекордно ниво“, изјави неодамна претседателот Трамп.
извор

Кривична за Јани Макрадули

20 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Македонија“ поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
  •  Се наведува дека тој не постапил согласно одлуките на Управниот одбор за исплата на обврски кон две правни лица.  И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.
  • Со тоа оставил простор овие да поведат судски постапки кои ги добиле па штетата за Пошти на основ на исплата на затезни камати е речиси 11 милиони денари. 
извор

Антропик: ВИ да може и да убие, ако има под 50 жртви

20 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Владата на САД би можела да блокира ботови со ВИ ако утврди закана дека може да предизвикаат смрт на повеќе од 50 луѓе или штета повисока од 1 милијарда долари.
  • Ова е предлогот на Антропик во нацрт-закон за „безбедност“ на вештачката интелигенција, поднесен до Конгресот на САД.
  • Сè што е подолу од овие граници би се толерирало како „разумна политика“.
  •  Проценетиот ризик од моделот со ВИ би морал да произлегува од дизајнирање или создавање на биолошко оружје, кибернетски напад или бегање на агент со ВИ од контрола на лабораторијата во која се развива.
  • Ризикот би го проценувале „независни евалуатори“, регистрирани во Министерството за трговија, при што е оставена можноста за нивните услуги да плаќа лабораторијата во која вршат увид.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кои денови сте затворени?

Балканштина
2

Боже, дај ми знак

Разно
3

Богати и славни

Македонштина
4

Париз гори, а има и кој да се чешла

Забава
5

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина
6

Приказна на денот

Забава
7

Нова црногорска епика

Балканштина
8

Кривична за Јани Макрадули

1

Кривична за Јани Макрадули

2

Франција гори од токсична улична коалиција

Мислења
3

Како Макрон Антоанета ја изневери Франција

Мислења
4

Златна треска во Полска

Занимливости
5

Мелони и со војска ќе го брани Милано

6

Книгата која Западот одбива да ја прочита

Мислења
7

Русија шири свој „старлинк“ над Украина

Свет
8

Антропик: ВИ да може и да убие, ако има под 50 жртви

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Уба си Битола, дасибиш веко

Не мора да ви се допаѓаат вестите за да ги почитувате

Балкан во детскиот мозок

Кога експертите лажат најубедливо?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy