- Најмалку 21 студент си го одзел животот во Индија, откако државниот приемен испит за медицина бил презакажан поради протекување на испитните прашања.
- Заради тој пропуст, речиси два милиона кандидати морале повторно да го полагаат испитот.
- Ваквиот трагичен епилог предизвика масовни протести поради кои оставка си поднесе министерот за образование Дармендра Прадан.
- „Да ги слушнеме младите пред да си го одземат животот,“ порачаа демонстрантите.
- Билјана Плавшиќ, поранешната претседателка на Република Српска која беше осудена во Хаг за злосторства против човештвото, почина во Белград на возраст од 96 години. Се очекува да биде погребана во Бања Лука.
- Беше обвинета како еден од водечките политичари на босанските Срби за време на војната. Во 2001 година доброволно му се предаде на Хашкиот трибунал и се изјасни за виновна за прогон врз политичка, верска и расна основа.
- Во 2003 година беше осудена на 11 години затвор.
- Откако отслужи две третини од казната во затвор во Шведска, во 2009 година беше ослободена и оттогаш живееше во Белград. Не беше политички активна.
- Таа е единствената жена осудена за воени злосторства од Хашкиот трибунал.