Дел од ракета на SpaceX со големина и тежина на автобус веројатно удри во Месечината со брзина од речиси 9.000 километри на час, но од телескопи од Земјата не беше забележан голем облак од месечева прашина во очекуваното време.
Ударот може да биде потврден со споредување на прецизни снимки од кратерот „Ајнштајн“. Верификацијата може да трае со часови, па и со денови.
Ударот на цврсто тело од 4 тони со брзина од 9.000 километри на час има енергија еквивалентна на експлозија на 3 тони ТНТ, доволно за да направи кратер од 20-30 метри. Тоа се незначителни последици за Месечината, која постојано ја удираат вселенски карпи.
Вториот степен од ракетата SpaceX Falcon 9 леташе неконтролирано од јануари минатата година, откако го исфрли модулот на компанијата Firefly Aerospace. Сосема непланирано, гравитацијата го привлече кон Месечината.
Отфрлен степен од кинеска ракета удри во Месечината во март 2022 година, по завршувањето на пробна мисија. Во 2009 година, НАСА намерно упати степен од ракета кон Месечината за да го проучи облакот од месечев материјал што се крена при ударот.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.