Неколку банкари за сајтот eFinancialCareers, објаснуваат дека имаат легитимни причини зошто им треба плата од над 1 милион фунти годишно. На кратко целата работа се сведува на психологија.
"Еден милион од што било - фунти, долари или биткоин, е речиси ништо. Прво, даноците ќе ја намалат 7 цифрената бројка некаде околу средна 6-то цифрена. Потоа, објаснува поранешниот банкар од Голдман, со некои си 600.000 кои ќе ти останат треба да платиш хипотеки, да ги одржуваш куќите во Хамптонс и Менхетен, да им платиш школарина на трите деца во приватни училишта, кои чинат околу 40.000 долари годишно, и да платиш за животните трошоци."
Иако можат да намалат добар дел од овие трошоци, на пример со праќање на децата во државни училишта или со поседување на само една куќа "банкарите се под постојан социјален притисок да трошат пари за нешто."
И сето ова пред нивните сопруги да го добијат својот дел. Според банкарите и поранешните банкари во текстот, има само две брачни опции за банкарите: "старомодна, образувана девојка со која си заглавен од колеџ или физички атрактивна девојка која никогаш не работи и која ти ја цица душата и сметката во банка."