Нова Љубљанска Банка (НЛБ) се наоѓа пред уште една нужна докапитализација. Нејзин сопственик сè уште е словенечката држава која уште во 1996-та докапитализираше со 1,3 милијарди долари. Лани банката беше освежена со 250 милиони долари но денес и тоа не е доволно.
Словенечкиот министер за финансии Јанез Шуштерчиќ вели дека НЛБ мора да добие барем 400-500 милиони за да закрепне но и многу повеќе за да може да работи нормално.
Во моментов се одвива еден од најдеталните проверки на банката досега. Гувернерот на централната банка Марко Крањец изрази надеж дека договор за докапитализација ќе се постигне правовремено за да може НЛБ да ги подобри своите бонитети и на меѓународните пазари да подигнува пари по поповолни услови.
Останува прашањето каде државата ќе најде ивенститори да вложат толку пари во банката особено што државата сè уште не покажува јасна намера да ја продаде.
Од друга страна, прашање е дали Словенија ќе успее повторно да ја увери Европската комисија да ја одобри повторната докапитализација на банката а да не го третира тоа како недозволена помош на државни претпријатија.