Целта на правилата на ЕУ е да се обесхрабрат вработените на банките да превземаат претерани ризици со цел да создадат потенцијално баснословен бонус за себе. Сега бонусот што можат да го добијат трговците е максимум два пати од месечната плата. Регулативата се однесува на трговците во банките и луѓето задолжени за контрола на ризиците.
Паралелно со воведување на новите правила, една од најголемите финансиски институции, Голдман Сакс, ги информираше вработените дека платата ќе се базира врз основа на нивната улога. Вработените ќе имаат утврдена улога (како до сега) и за неа ќе добиваат одредена плата (како до сега), со тоа што компанијата сега задржува дискреционо право на месечно ниво да ја зголемува и намалува платата. Ова значи дека трговците пак ќе можат да бидат исплаќани во зависност од нивниот успех.
Другите финансиски институции имаат други фори:
- HSBC размислува за исплаќање на дополнителен квартален надоместок како дополнување на платите.
- Кредит Свис и Сосиете Женерал размислуваат за слично исплаќање по редовна основа.
- Барклејс исто така има воведено месечен надомест. Освен ова на трговците на повисоки позиции платите им се зголемени за 50%, на околу 600.000 долари годишно, додека оние на пониски може да добијат и речиси 200-процентен раст на платата, на околу 350.000 долари.
- Банк оф Америка размислува два пати годишно да им исплаќа пари на трговците кои се засегнати со новите правила.
- Морган Стенли пак планираат еднократно на крајот од годината да им исплатат надомест на трговците кој би бил различен од бонусот.
- Дојче Банк за два пати им ја зголеми платата на некои од трговците на повисоки позиции, од 400 на 800 илјади долари.