Иако никој не знае колку точно пари има под грчките душеци, се проценува дека во последните 2 години Грците од банките повлекле околу 72 милијарди евра.
Грчката полиција предупредува дека бандите што некогаш оделе на ограбување банки или златари, сега се пренасочиле кон домовите на обичните луѓе кои се многу помалку ризични. До сега полицијата има уапсено две банди од Грузија, кои се осомничени за околу 300 грабежи.
"Голем дел од луѓето ги имаат повлечено парите од банките стравувајќи од финансиски крах и тие или ги носат со себе или ги кријат дома. Им порачуваме на луѓето да му веруваат на банкарскиот систем и да ги остават парите во банка или на некое безбедно место, а не да ги кријат дома," порачал портпаролот на грчката полиција.
Освен грабежите, имаше и случаи во кои сите пари на семејството изгореле во пожар, а имаше и случај на еден пензионер кој починал пред да стигне да му каже на семејството каде ги има скриено парите.