Нирнберг заврши на мизерно 16. место во германската втора Бундеслига и за опстанок мораше да се бори во бараж натпревари. Таму го чекаше четвртиот тим од трета лига - Инголштад, клуб кој пред три години играше во Бундеслига а лани испадна во трета лига.
На првиот меч со двата гола на Фабиан Нирнбергер (интересно презиме), Нирнберг имаше комфорна предност од 2-0 пред реваншот. Но на возвратниот дуел во Инголштад им се случи катастрофа и после 66 минути Нирнберг губеше со 3-0. 20-ина минути ги делеа од бездната.
Тој резултат стоеше на семафорот до самиот крај, но во последните секунди од мечот, во 96' минута се случи чудо: После една гужва во шеснаесетникот на домаќинот, стопер на Инголштад се лизна и Фабиан Шлејзенер даде гол. Во тој момент цел тим на Нирнберг полуде од среќа:
Gute Nacht! #FCIFCN #FCN pic.twitter.com/ZlnHzFhnZO
— FCN bis in den Tod (@FCNBIDT) July 11, 2020
Судијата во прв момент не го призна голот, но откако го гледаше видеото (да, во втора германска лига има ВАР), покажа на центарот. Нирнберг од испаѓање го спасија три гола од двајца Фабијановци - Нирнбергер и Шлејзнер.
„Неверојатно! Немам зборови. Не знам дали некогаш сум видел толку многу мажи во солзи. Просто сум во екстаза!“, изјави јунакот Шлејзнер.
После мечот плачеа играчите на двата тима.
Следното утро Нирнберг воздивна: „Оваа проклета сезона заврши. Крајот не можеше да биде полуд. Дури и покрај тоа што се заврши добро, на никој повеќе не му треба вакво нешто“.