Во областа Вестфалија центарфорот Лауман настапувал за скромните клубови Изерлон, Естрих Изерлон и Еркеншвик додека не преминал во... Шалке.
На телефон им се јавил почитуваниот спортски директор Мајк Бускенс и тоа не било шега каква што мислеле, туку Бускенс бил сериозен во намерата да го доведе малиот во Гелзенкирхен. Но на крајот го ставил Лауман во резервниот тим на Шалке кој настапува во пониската Оберлига. Но 21-годишниот Јозеф и натаму бил чекор напред.
ЛЕТО 2005 И ЧУДНА ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА
Играчите на Шалке уште не биле вратени од настапите за репрезентациите па во составот на првата екипа на почетокот на предсезоната дошле и млади играчи за да ја комплетираат. Им фалел еден напаѓач па го викнале Лауман.
На еден од пријателските натпревари против селекцијата на Регионалига Јозеф се појавил на теренот после триесет минути игра и за само десет минути дал три гола. За него тогаш сериозно се заинтересирал и прашувал главниот тренер на Шалке Ралф Рањик.
Лауман тренирал страстно и Рањик решил да го земе на подготовки со првиот тим во австриската бања Бад-Радкерсбург. Тогаш центарфорот со мароканско потекло со посилната нога дал 12 гола во пред-сезоната повеќе од неговите ѕвездени колеги и репрезентативци Кевин Курањи, Џералд Азамоа и Ебе Санд. Лауман бил награден со 20 минути во победничкиот меч од првото коло на германскиот Куп со Бременхафен (3:0).
Но тоа не било тоа.
Јозеф мечтаел да влезе во Бундеслигата. И сонот му се остварил на 24 септември 2005 година во 7. коло од најдобрата германска лига кога Шалке го пречекал Хановер. Атмосферата пред мечот била не баш ведра: Гелзенкирхенците во четирите последните кола ремизирале па од нив се барала само победа.
Легендарниот Ралф Рањик не го пуштил Лауман од почеток и го предупредил: „Ако те пуштам и ако се тргне на лошо, луѓето ќе нагрнат со прашања врз мене. Ќе викаат зошто не играат ѕвездите, кај се тие, за што ги плаќаат“?
Во вториот дел Линколн и Курањи дале по гол и Шалке водел 2:0. Часовникот покажувал 17:21 а Рањик имал право на уште една измена. Лауман бил на клупата. Јозеф на самиот крај влегол место Линколн, се залетал налево, направо, надесно, не добил топка и го слушнал судиското свирче.
38 секунди - толку Лауман поминал на терен. Рањик подоцна му кажал дека му тргнало и дека во иднина ќе игра повеќе. Следен противник - големиот Баерн а Јозеф навивал за Минхенците каде и да играле. Но да игра против нив не му било судено.
Неколку дена после тие 38 секунди Луман сериозно се разболел. Пот, треска, температури и болки кои никогаш не ги доживеал. Клупскиот лекар констарирал кај него менингитис, па 22-годишниот Лауман две недели поминал во болница каде едвај можел да јаде.
И така талентираниот напаѓач изгубил 7-8 килограми и кога се вратил му требале речиси два месеци малку да се поправи. Тоа било почеток на декември: Ралф Рањик веќе бил избркан а на негово место дошол Мирко Сломка кои сакал други играчи. Втората половина од сезоната Лауман ја поминал во резервната екипа каде дал девет гол на 23 меча во Оберлигата но ни тоа не било доволно да го вратат во првиот тим.
Јозеф решил да замине од Шалке и да потпише договор со Рот-Вајс од Ален и да се надева дека екипата нема да испадне во Регионаллига (трета лига), но испаднала: „Една година во трета лига. Не е лошо. А после пак назад“, викал Лауман.
Тој играл и давал голови. Станал најдобар стрелец во лигата а на зима дошол нов тренер кој го седнал на клупа. Еден ден Јозеф одбил да тренира затоа што не биле спремна неговата опрема.
Не се задржал во Ален и преминал во Лубек кој настапувал исто во третата лига. Бил далеку од Вестфалија, од друштвото и семејството но бил близу прекрасниот Хамбург. За негова штета клубот за пола година немал веќе скршен денар и бил на ивица од банкрот.
ХОЛАНДИЈА
Патот го однел во Арнем каде бил на проба во Витезе иако претходниот клуб Рот-Вајс Ерфрут не го пуштал. Кога се запознавал со тренерот на Холанѓаните, му кажал: „Јозеф... Јозеф Ратцингер.“ Идниот Муслиман, Лауман просто не знаел дека Јозеф Ратцингер беше тогашен Папата Римски Бенедикт XVI.
Самиот фудбалер признал дека треснал глупост а сите присутни се смееле. Но така го завикале, а Ратцингер добро тренирал, добро играл. После ден меч менаџерот му рекол дека може да слави со соиграчите затоа што договорот со Витезе ќе биде потпишан во блиска иднина.
Клупските другари од Витезе го викале Папа Римски а веднаш за него се заинтересирал и холандскиот печат па добивал по 200 повици на мобилен телефон, но не одговорил на ниту еден.
„Лауман е недостапен на телефон. Можно е сега да седи во црквата Свети Петар на миса и никој да не го забележи, ете толку е познат“, рекол менаџерот на Ерфрут, Штефан Бојтел.
Лауман (фотографија долу), втор од лево по триумфот над Дортмунд заедно со Младен Крстаиќ, Хамит Алтинтоп, Мануел Ноер, Мирко Сломка, Златан Бајрамовиќ, Сорен Ларсен, Фабијан Енст и Џералд Азамоа:
„Оддеднаш станав најглупиот играч во Германија, просто најсмешниот“, се сеќава Лауман на периодот кога добил сурова казна од фудбалската федерација на Германија а Рој-Вајс го раскинал договорот со него.
На крајот репутацијата на Лауман била нарушена, после следувале години во ниското подземје на германскиот фудбал, пола година на Кипар и една година во Виетнам...
Денес Јозеф Лауман е помошник тренер во третолигашот Шпортфројнд Лоте каде прво му помагал на Исмаил Аталан со кој стигнале дури до четвртфиналето на германскиот Куп, а по кратката авантура во Бохум се вратил во Лоте да му помага на главниот тренер Андреас Голомбек.
На крајот, Лауман сака еден ден да се врати во Бундеслигата. Дали како помошен или главен тренер не знае, но знае дека сака повеќе од 38 секунди да биде таму...