Бибиана Штајнхаус има 38 години и веќе неколку сезони успешно судела втората Бундеслига и во пониските дивизии а од петок па до крајот на сезоната 2017/2018 ќе биде првата жена судија во топ лигите на Германија, Англија, Шпанија, Франција или Италија. Штајнхаус уште чека на првиот меч во Бундес, но затоа судеше во Германскиот Куп и тоа на дуелот Чемницер - Баерн Минхен (0-5) минатата сабота во првата рунда од ова натпреварување и докажа дека може да се носи со најголемите ѕвезди во земјата и пошироко.
Таа имаше интересна ситуација со Франк Рибери кого го потапка по рамото да го опомене зошто ѝ ја одврзал врвката од копачките при местењето на топката за слободен удар.
„Таа е силна, има многу моќ. Беше забавно, таа судеше одлично и беше во добро расположение. Со судиите може да биде забавно, но важно е исто така да има и меѓусебна почит“.
Самата Бибиана Штајнхаус вели дека нејзината промоција во Бундеслига е големо достигнување и награда за нејзината работа, но вели дека нема ништо со феминизмот.
„Никогаш ниту планирав ниту денес планирам и само така учам повеќе. Го правам само тоа што го сакам“, изјави таа во јули кога Фудбалската Федерација на Германија објави дека и таа е на листата главни судии.
Досега судела околу 80 меча во втората лига од 2011 година а го судела и финалето на женскиот фудбалски турнир на Олимписките Игри во Лондон како и овогодинешното женско финале на Лига на шампиони. Веќе беше и четврти судија во најдобрата лига кога имаше необичен момент со Пеп Гвардиола во 2014-та и кога со поглед му стави до знаење кој е кој.
За жал, дека се уште постои сексизам во спортот и дека не и било се така розово, Бибана потврди во 2015-та година. Тогаш 1.81 сантиметри високата Штајнхаус го исклучи германскиот репрезентативец од Хофенхајм Керем Демирбај кој тогаш играјќи за Фортуна Дизелдорф и кажал дека ’за жените нема место во фудбалот’.
Германската фудбалска федерација го казни пет меча.
Штајнхаус вели и дека работи со фитнес тренер посебни програми затоа што знае дека нивото на судење во Бундеслигата е мошне високо на и на теренот.
„Обично велам дека Бундеслига е чекор погоре. Работев интензивно и сфаќам дека тука брзината на игра е поинаква. Секако, како женски судија ќе бидам под посебен надзор уште од стартот на сезоната, особено од медиумите. Но тоа не ме допира и колегите добро знаат за тоа“, вели харизматичната Бибиана која знае да дели жолти и црвени картони.
По професија таа е полицајка и е во врска, пази, со англискиот судија Хауард Веб.