Таг: хајденхајм

Конкурсот за гол на сезоната во Бундеслига е штотуку затворен

Какво и да се појави голчиште до месец мај, кога се спушта завесата во првенствениот фудбал, тешко дека ќе ја достигне акробацијата на Хајденхајм, кој попладне одигра 2:2 против Келн. Егзекуторот кој ја изведе магијата се вика Марвин Пајрингер. Соиграчите се држеа за глава. ФИФА прајте место во топ 10.

Како германска железница се потсмева со бараж дуелот за Бундеслига?

Во фудбалското прволигашко друштво во Германија, има епска шанса да влезе екипа од селце со жители колку Ресен. А не дека и противниците се од некоја метропола. Јак мајтап им стегнаа, а ќе биде прејако ако влезат.

Евро-автогол кој им упропасти план за Бундеслига

По ремито 0-0 на првиот меч од баражот, Хајденхајм и Вердер одиграа 2-2 и бундеслигашот успеа да се спаси од испаѓање и да го сочува прволигашкиот статус. Ама во тоа им помогна противничкиот играч Норман Тојеркаф со ефектен автогол.

Хамбург - најголем малер по рестартот на фудбалот

Пред продолжението на фудбалот во Германија, некогашниот европски шампион Хамбург беше на место во втората лига кое води во Бундеслига. По рестартот изгубија дури 6 бода само во судиско продолжение и се простија од директен пласман во Бундес.

Вади кабли, гаси интернет, падна најглупиот автогол на сезоната

Во 33. коло од германската втора бундеслига играа Дујзбург и Хајденхајм. На домаќините за опстанок им игра само победа и три бода. Во 58’ минута при резултат 2-2, Дастин Бумхоер ја истакна кандидатурата за наградата „Дарвин“ за најглуп автогол. На крај 3:4 и Дујзбург во трета лига.