Арминија Билефелд влезе во Бундеслига иако Германците тврдат дека таков град не постои

Навивачите на Арминија заедно со оние на Баерн Минхен се оние кои најмногу слават во Германија. Арминија Билефелд минатата недела се пласираше во Бундеслига, а во четвртокот и официјално стана шампион во втората германска лига.

За клубот од Билефелд којшто е основан пред 115 години, ова е севкупна четврта титула во втората германска Бундеслига.

Арминија се радувала на првото место во „Цвајта“ на секои 20 години - 1980, 1999, 2020. А во Бундеслига последен пат играа пред цели 11 години. Сега одново Арминија Билефелд ќе игра во елитното друштво.

Но вреди да се потсетиме на теоријата на заговор дека ваков град не постои во Германија.

БИЛЕФЕЛД Е ГРАД-МЕМЕ, ЗА ТОА ДЕКА НЕ ПОСТОИ СЕ ШЕГАЧЕЛА ДУРИ И АНГЕЛА МЕРКЕЛ

Билефелд е основан во XII век, а сега во градот на северо-истокот од Северна Рајн-Вестфалија живеат околу 330.000 луѓе.

Но во Германија постои популарна конспиративна теорија на заговор согласно која овој град не ни постои воопшто.

„Билефелдски заговор“ е едно од најпознатите германски интернет-мемиња. Познат е дури и авторот на оваа теорија на заговор: „Билефелд? Таков град воопшто не постои“, рекол првпат студентот на факултетот за информатика Ахим Хелд уште во 1994 година.

Ахим ова го напишал на старата мрежа Usenet а со ширењето на интернетот по цела Германија, мемето отишло низ целата земја.  Согласно теоријата, сите податоци кои укажуваат на постоењето на Билефелд се дел од светскиот заговор.

Слепите љубители на теориите на заговор во Германија за оваа „измама“ ги криват ЦИА, Мосад, Ватикан па дури и некои вонземјани коишто го користеле Универзитетот во Билефелд за вселенска станица.

Ако се спорите со некои од нив, веднаш ви поставува 3 прости прашања после кои ако ништо друго барем ќе се насмеете, а има и такви кои ќе стават прст на чело:

- Знаеш ли некој од Билефелд?
- Си бил ли некогаш во Билефелд?
- Знаеш ли некој кога некогаш бил во Билефелд?

Еве на пример што Берлинците мислат за Билефелд:

Интересно, градот активно ја користи оваа теорија на заговор за маркетинг. Уште во 1999-та година градскиот совет на Билефелд излегол со соопштение „ние постоиме“. Ама соопштението било издадени на 1-ви април.

Минатата година градските власти во Билефелд ветиле дека ќе му дадат милион евра на тој што ќе докаже дека нивниот град не постои. Досега, никој не успеал.

За оваа теорија на заговор се шегачела и канцеларката Ангела Меркел. За време на еден настап во Берлин во 2012-та, таа рекла дека најверојатно била на митинг во Билефелд ако тој воопшто постои како град. „Стекнав впечаток како да не сум била таму“, ги насмеала присутните Меркел.

ЗОШТО ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ, НОВ БУНДЕСЛИГАШ, Е НАРЕЧЕН АРМИНИЈА?

Клубот го носи името на извесен војсководец Арминија којшто живеел во првиот век од нашата ера. Тој според легендата се прославил така што ја повел армијата древно-германски племиња и победил против една војска римјани со која командувал Квинтилиј Вар.

После овој пораз Римската империја изгубила контрола над голем дел од тогашна Германија.

Клубот од Билефелд не случајно е наречен Арминија во чест на овој војсководец. Градот е основан во 1214 година на територијата на Тевтобургска шума каде наводно се одиграла познатата битка (според легендата наводно Арминија уште од мал бил одземен од Римјаните и однесен во империјата, па подоцна доаѓа во родните краишта да згасне некоја буна, но се договора со бунтовниците и жртвува илјадници римски војници кои тргнале со него во шумата)

Затоа основачите на фудбалскиот клуб решиле да го стават името Арминија.

КАКОВ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ПРВОЛИГАШ?

Арминија Билефелед игра на стадионот „Билефелдер Алм“ кој има капацитет од 26.615 места. Тренерот на екипата која влезе во Бундеслига е Уве Нојхаус. Боите на клубот се сино-бели-црни, а Арминија има и околу 12.000 членови со сезонски карти секоја година (сега летово пред новата сезона во Бундесл ќе имаат далеку повеќе).

Најголеми успеси во клупската историја покрај првите места во втората лига им се и двата пехари од Купот на Западна Германија (1966, 1974). 

Арминија на коло пред крајот е прва со 7 бода пред вториот Штутгарт со кого одат во елитната и богата Бундеслига.

Најдобри стрелци на екипата се напаѓачите, 194см високиот див Фабиан Клос (32, ветеран, во клубот е од 2011) кој постигна 21 гол и Андреас Воглзамер (28) со 12 погодоци. 

Мозок на екипата е Марсел Хартел кој минатото лето лани дошол во Арминија од Унион Берлин за 250.000 евра. Сезонава Хартел е главен плејмејкер на тимот и со 8 асистенции е трет асистент во лигата.

Неговата вредност во моментов е 1,6 милиони евра. Има 24 години и би можел наскоро да замине во поголем клуб.